„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Офицер на австриската војска бил руски шпион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Пензионираниот офицер на австриската војска , кој шпионирал за Русија , бил вработен во Министерството за одбрана на Австрија.

— реклама —

Според весникот ,,Профил” , тој имал пристап до доверливи информации за одбрамбените сили на Австрија. Тој бил откриен врз основа на информации од ,,пријатерлска разузнувачка служба”, најверојатно од германската служба МАД. Првиот контакт на шпионот со руските разузнувачи бил остварен далечната 1989 година за време на неговата посета на Техеран.

Тој во текот на годините, им праќал на Русите доверливи информации за што бил платен со 300 000 евра. Москва била заинтересирана пред се за европските борбени авиони ,,Ерфајтер”, а шпионот делувал професионално и имал неупадлива функција во раководењето со војската. Секои две недели праќал извештаи под име ,,Јуриј”.

— реклама —

Задачите ги добивал преку приемник, а своите пораки ги пишувал со тајно писмо или директно преку сателитска комуникација.

Непосредно пред да биде откриен, пензионираниот полковник праќал информации, за мигрантите во Австрија, како и профили на високи офицери во австриската армија.

Државното обвинителство потврди дека во тек е истрага против овој 70 годишен полковник, кој не успеал да ги уништи доказите против него, иако бил предупреден од Русите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања