Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Официјална Реакција на Huawei за најавите од Google

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

huavej

Huawei направи значителен придонес во развојот на Андроид низ целиот свет. Како еден од клучните глобални партнери на Андроид, ние тесно соработуваме со платформата со отворен код, развивајќи го екосистемот во корист на потрошувачите и на целата индустрија. Huawei ќе продолжи да ги обезбедува своите корисници со најновите надградби за безбедноста на софтверот, како и сите услуги поврзани со постпродажната услуга на постоечките Huawei и Honor производи на пазарот. Вклучувајќи паметни телефони и таблети што веќе се купени од крајните корисници, но исто така и оние кои сè уште се достапни на глобалните пазари. Ние ќе продолжиме да градиме сигурен и одржлив софтверски екосистем, кој ќе им го овозможи најдоброто искуство на потрошувачите и нашите клиенти ширум светот.

— реклама —

 Покрај тоа, ги споделуваме официјалните ставови на Google и Android:

Google:

— реклама —

"Ние во моментот ги исполнуваме барањата и ги согледуваме последиците од тоа. За корисниците на нашите услуги, безбедносните функции на Google Play и Google Play Protect ќе продолжат да работат на постоечките Huawei уреди."

 

Android: 

Во врска со прашањата како ќе одговориме на најновата акција на американската влада: Ве уверуваме дека додека ги почитуваме барањата на американската државна администрација, услугите како што се Google Play и Google Play Protect ќе продолжат да работат на постоечките Huawei уреди.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања