Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Официјално: Објавено е барањето за полициски час, различни термини за сите градови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
policija-1

Заради зголемениот број на ново дијагностицирани случаи со ковид-19 во земјата, денеска Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче одржа координативен состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи на кој се разговараше за понатамошното делување во насока на спречување на ширењето на заразата.

— реклама —

По состанокот, Комисијата за заразни болести до Владата на Република Северна Македонија ќе ги достави следните предлог мерки за претстојниот продолжен викенд:

— реклама —

- Полициски час од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до понеделник (8 јуни) до 05.00 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

— реклама —

- Во сите останати градови, полицискиот час да трае – од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до петок (5 јуни) до 05.00 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16.00 часот и да трае до следниот ден до 05.00 часот наутро.

— реклама —

Дополнително на состанокот, на претставниците на Министерството за внатрешни работи им беа укажани потешкотиите со кои се соочуваат екипите на терен во однос на пристап до луѓе за тестирање и прекршувања на мерката за самоизолација. Од службите на МВР беше побарана поголема ажурност, ефективно делување на терен, контрола и санкционирање на прекршувањата на мерките.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања