Промени тема
Контакт

Официјално примопредавање на комуналното возило од јапонската амбасада за Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
JAPONSKA_DONACIJA_23.06-5-scaled-1

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков во придружба на амбасадорот на Јапонија во земјава Н.Е. Оцука Казуја и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски присуствуваше на церемонијата со која се официјализира примопредавањето на комуналното возило кое е донација од јапонската влада за Општина Охрид . Возилото е наменето за чистење на канализационата мрежа во градов и ќе го користи ЈП „Нискоградба“.

Градоначалникот Кирил Пецаков укажа на значењето на оваа вредна донација која доаѓа во вистинско време имајќи ја во предвид заложбата на Општина Охрид за заштита на животната средина и Охридското Езеро.

— реклама —

-Станува збор за голема донација на Јапонската влада вредна 60,640.00 EUR. Имајќи ја предвид заложбата на Општина Охрид за заштита на животната средина, акцентирајќи ја заштитата на Охридското Езеро, оваа донација доаѓа во вистински момент. Со новото комунално возило се врши брза и навремена санација на дефктите на канализационата мрежа при што многу ефикасно започнавме да се справуваме со загадувањето. Секако тука има уште доста работа, но сум сум уверен дека претходните средби со делегациите од Јапонија и поддршката што Јапонската амбасада и лично Амбасадорот ја даваат на Општина Охрид ќе резултира со скоро решавања на овој проблем.

— реклама —

Убеден сум дека веќе добрата меѓусебна соработка која ја негуваме ќе придонесе и во иднина да бидеме дел од вакви настани, кои по своето значење се повеќе од локални, бидејќи заштитата на животната средина е светска обврска, не само локална.

Во оваа прилика од мое и од името на сите охриѓани се заблагодарувам на оваа вредна донација. Пријателска Јапонија во неколку наврати донирала општи блага во Охрид и со тоа ни покажавте дека Охрид има посебно место кај Вас. Впрочем тука би цитирал една народна изрека која вели „Штом еднаш го посетиш Охрид, повторно ќе се вратиш со уште повеќе пријатели“. Во таа насока нека се развива и оваа наша понатамошна соработка- рече градоначалникот Пецаков.

— реклама —

Директорот на ЈП „Нискоградба“ Александар Трпеноски заедно со вработени во претпријатието извршија презентирање на статистиките и мала демонстрација на работењето на возилото.

— реклама —

-Донираното возило веќе еден месец е пуштено во употреба и успеа да санира приближно 200 дефекти во канализационата мрежа од кои голем дел се во стариот дел на градот којшто претставува специфичен терен за работа– рече Трпеноски.

Со денешниот настан се комплетира GGP – проектот на јапонската амбасада. Пред официјалното примопредавање, градоначалникот Пецаков и амбасадорот Казуја имаа протоколарна средба на која беа изразени заложбите на двете страни да продолжи и да се зацврсти континуираната соработка помеѓу Македонија и Јапонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања