Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Огинот навидум за спас на татковината, може да се претвори во жар кој најмногу го посакуваат противниците на перспективата“, вели Алтернатива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-11-26-at-21.26.48

АлтернАтивА: Го осудуваме насилството и јазикот на омраза

— реклама —

По синоќешните протести на група граѓани, при што беа повредени над 40 полицајци, се оштети јавниот државен имот, а имаше и албанофобни или антиалбански повици, АлтернАтивА смета дека овој е антицивилизациски и варварски чин и, притоа, повикува на смирување на тензиите и на воздржување од такви појави. Насилството кон безбедносните органи и државните институции Бсе најдобриот начин за оштетување на државата, додека јазикот на ксенофобија е најлошиот начин за комуникација со сограѓаните Албанци на заедничката држава, вели Алтернатива.

— реклама —

Протестот, како основно право за јавно изразување на став на граѓаните, пред се е мирна акција која не го загрозува животот и имотот на никого, а најмалку на службеното лице, а со таков чин не смее да се оштетат ни безбедносните органи и државните институции, како и не се дозволува да се поттикне омраза и фобија кон никого. Како и да е, деновиве кога ние како држава очекуваме почеток на долгоочекуваните преговори за членство во Европската унија, ваквите сцени му штетат многу на нашиот углед како држава и така потврдуваме политичка незрелост, дури и инструментализација на одредени општествени структури за антиевропски агенди.

— реклама —

Затоа, АлтернАтивА – осудувајќи го насилството и ксенофобијата како средство за јавна комуникација – уште еднаш повикува на воздржување од сите граѓани на земјата, а политичките и невладините организации кои учествуваат на таквите настани треба да имаат во предвид дека огинот кој го запалуваат, навидум за спас на татковината, може да се претвори во жар кој најмногу го посакуваат противниците на државотворната и интеграциона перспектива на Северна

— реклама —

Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања