„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Оглас за вреботување во МНР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mnr-logo

Министерството за надворешни работи на Република Македонија објави јавен оглас за вработување на 26 (дваесет и шест) административни службеници во Министерството за надворешни работи (дипломати - приправници и помошно -стручни службеници).

— реклама —

„Јавниот оглас, покрај на интернет страната на Агенцијата за администрација е објавен и во дневните весници Нова Македонија, Независен весник и Лајме и истиот ќе трае 20 дена од денот на објавувањето.

Како што Министерството за надворешни работи веќе објави,водејќи се од начелата на меритократија, инклузивност и транспарентност, охрабруваме пријавување на што поголем број на кандидати кои ги исполнуваат условите за вработување, со цел извршување на објективна селекција на високо перспективни кадри, кои постепено ќе ги развиваат неопходните дипломатски вештини, придонесувајќи на тој начин кон успешна афирмација на Република Македонија“, велат од МНР.

— реклама —

Заинтересираните кандидати можат електронски да аплицираат на огласот на следната интернет страница: http://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/509 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања