„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Огнен Петровски: Политичкиот фактор треба да има строго детерминирани приоритети преку кои ќе го реформира образовниот систем -да го направиме интересен и посовремен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ognen

Интервју со Огнен Петровски – Македонски Концепт – кандидат на листа на пратеници за ИЕ1

— реклама —

Огнен е млад, амбициозен и перспективен човек, кој по струка е магистер по фармација. И покрај младоста, веќе успева и професионално да се реализира и тоа во полето на маркетингот и сферата на стручниот консалтинг во секторот на фармацевтската индустрија.

ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?

— реклама —

Огнен Петровски: Како млад човек, најмногу сум запознаен со проблемите кои ги имаат младите, а кои се поврзани со образовниот систем и неговата функционалност во целина. Соодветно, особен интерес и внимание, секако поврзано со мојата идна професија, имам кон здравството и здравствениот систем во државата, со неговите аномалии и можности за подобрување во секоја пора на неговото сегашно функционирање. Можеби оваа моја констатација звучи помалку тривијално, иако е значајно дистинктивна, од аспект на призмата низ која јас гледам на оваа проблематика, а тоа е младиот човек и неговите желби, цели и приоритети кон иднината.

ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?

Огнен Петровски: Да.

ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Огнен Петровски: Подобро образование, кое би подразбирало младите да бидат доволно мотивирани и да сакаат да учат и да се стекнат со вистински знаења од сферата која ги интересира. Тоа би значело промена на начинот на кои што професорите ги гледаат студентите, или апсолутно разбирање на взаемната зависност на постоењето на двете клучни компоненти на образовниот процес, професор и студент. Редно е професорите да сфатат дека без студентите, ни тие нема да можат да „постојат“. Освен трансформацијата на односот професор – студент, неопходна е поголема слобода во изразување и реактивност кон потребите и интересите на студентите, процес кој би се реализирал низ концепт на идеен и практичен развој на проекти, чија идеја, цел или примена може да најде свое место во било која општествено – социјална сфера. Само на тој начин, припадниците на мојата и генерациите кои доаѓаат, ќе бидат доволно мотивирани да се образуваат формално и неформално, а резултатите од тие знаења, да ги имплементираат во општествениот живот.

ПОЛИТИКА: Зошто проекти?

Огнен Петровски: Како што веќе напоменав, секој проект, според мене подразбира реална и мерлива шанса за било кој поединец или група, да реализира одредена активност, идеја, иницијатива… Ако образовниот процес во развиените земји сѐ повеќе и сѐ почесто вклучува проектно и практично реализирање на иницијативи во клучните кластери на општественото делување, не гледам ниту една причина, зошто овој принцип не би се применил и во нашето окружување. На тој начин, не само што би се внесла свежина и иновативност во начинот на одговорот кон предизвиците, туку и би се дала и реална шанса на секој чинител во општествено – социјалниот, па дури и образовниот процес, да даде свој објективен придонес кон нормалните животни текови или постојните проблеми.

ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Огнен Петровски: Во моментов многу млади за поинтересни и понапредни ги сметаат системите на образование  во Англија, Холандија, Германија…, токму поради различниот начин на стекнување на знаењата. Нашиот систем се карактеризира со сувопарност и едноличност, процес кој по завршување на образовниот процес генерира недоволно подготвен кадар од аспект на практична примена на стекнатото знаење. За разлика од нашите факултети, факултетите во странство акцентот го ставаат на креативноста на младите која во комбинација со поинаквиот начин на пренесување на знаења, резултира со поголема стручност во областа на едукација. Тоа е една од причините поради која младите заминуваат надвор, пред сѐ поради стекнување на знаења, а потоа  и остануваат таму затоа што истиот тој систем го вреднува и го потврдува стекнатото знаење во професионалната сфера. Во тој контекст, сметам дека политичкиот фактор, во основа треба да има строго детерминирани приоритети преку кои ќе го реформира образовниот систем, а со тоа образовниот процес ќе го направи интересен, проактивен и едноставно посовремен. Треба само да ги следиме светските трендови и секако, преку специфични програмски проекти, најдобрите практики, да ги адаптираме и прилагодиме и надградиме во насока на овие приоритети.

ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Огнен Петровски: Особено интересен за мене е Здравствениот систем кој претставува темел за едно здраво општество. Доколку имаме здрави луѓе, здрави граѓани, тогаш е возможен и здрав просперитет.Квалитетна здравствена грижа треба да биде достапна за секого и секаде.Во тој контекст, она што најпрво треба да се разбере и валоризира, е значењето на здравствените работници, односно да се подигне свеста за нивната важност. Исто така интересна е улогата и на Фармацевтите во здравствениот синџир, која е исто така недоволно разбрана. Фармацевтите се експерти за лекови или да употребам друг термин, доктори за лекови. Доктор како професија, подразбира стручност во одредена област, а кај лековите најстручен е фармацевтот. Тие можат многу да допринесат во менаџирањето со пациентите. На пример, пренасочување на пациент со лесен симптом од матичен доктор/амбуланта кон фармацевт, значајно би го олеснило процесот на управување со примарното здравство и би ги оптимизирало капацитетите на здравствениот систем воопшто.

ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

Огнен Петровски: Пред сѐ, тоа што им дава шанса на младите луѓе како мене, слободно да ги искажат своите мислење и став, без разлика на тоа за која сфера или ниво на стручност станува збор. Лично сметам дека младите се движечката сила на секое модерно и демократско општество, па оттука и ставот дека шансата кон младиот човек е од клучна важност за развојот на општествените процеси.

ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?

Огнен Петровски: На располагање ќе ги ставам сите свои лични и професионални капацитети и знаења, и секако со активизам. Сметам дека можам да дадам пример, преку кој и други млади луѓе ќе се приклучат кон овој концепт и ќе ја видат вистинската шанса да направат некаква разлика, исчекор или позитивна промена, која на сите нас ни е повеќе од потребна.

ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.

Огнен Петровски: Држава со реформиран Образовен систем, дел од ЕУ, со доволен број прилики и можности за младите професионалци и младите луѓе воопшто, да се пронајдат себе си на приватен и професионален план и да креираат можности за нормален живот.

фото: Македонски концепт

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања