Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Огњеновиќ: 4 милиони евра за хонорари од 25.000 евра преку ЈПДП!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarytpios6rjigkc5bIG9WX

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Антикорупцискиот тим на СДСМ објавува нов скандал во ЈП Државни патишта тежок речиси 4 милиони евра, вели Петар Огњеновиќ – член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Точно 3,8 милиони евра, пари на граѓаните завршуваат во хонорари и до 25.000 евра месечно, најголем дел од нив странци. Преку тендер во ЈП Државни патишта на Коце Трајановски и склучен договор за техничка помош!

 Додека Владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата и македонските работници работат за мизерни 400 евра се трошат речиси 4 милиони евра народни пари за хонорари од 25 илјади евра месечно.

— реклама —

 Со одлука на Коце Трајановски ЈП годишно ќе плаќа околу 950.000 евра за само 13 експерти.

 Па каде е овде логиката?

 Вредноста е колку нето платите и надоместоците за 92 вработени во јавното претпријатие!

 Ова е голем скандал. Уште еден пример за криминални тендери.

— реклама —

 За 4 години ангажман, тим лидерот од овие експерти ќе добие 550.000 евра, половина милион евра.

 ВМРО-ОКГ им дели милиони на „експерти“ додека македонски работниците се отпуштаат од работа, над 1500 работници се останати без разбота поради Мицкоски.

 Кој ги одредил овие астрономски хонорари?

— реклама —

 Како е можно да нема пари за македонските работници, а има за привилегирани поединци?

 Кој профитира од ваквите договори?

 Дали на овој начин се пумпаат пари на граѓаните?

 Ова е криминален систем на тендери за кои АКТ постојано алармира, систем на испумпување на парите на народот..

— реклама —

 СДСМ бара поништување и повлекување на овој скандалозен тендер.

 Бараме испитување на потребата, критериумите и на целата постапка.

 Одговорност мора да има“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања