Поранешниот висок функционер на СДСМ, сега самостоен градоначалник на Куманово Максим Димитриевски и претседател на партија „Знам“, го искоментира однесувањето на аналитичарот Исмет Рамадани.
„Обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив е недозволиво особено НЕ кога тоа доаѓа од Претседател на Евро Атланскиот Совет на Македонија г. Рамадани. ЕАСМ е организација која ги негува и поддржува Европските и Атлантските демократски вредности а со тоа и слободата на изразување, независно новинарство и медиуми, кои што заложби, во овој случај се косат со искажаните ставови на претседателот на организацијата г. Исмет Рамадани во емисијата "Само вистина" на ТВ Канал 5. Покрај неопходно извинување потребна е и оставка од челната позиција на ЕАСМ г. Рамадани. Како и секогаш представниците на Владата при недостаток на аргументи за одбрана на оваа власта и сите афери кои ги следат си играат со националните чувства и оваа реторика ја репризираат како во минатото“, вели Димитриевски.
Жестока кавга се случи вечерва на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, меѓу новинарот, водител на емисијата, Александар Видиновски и гостинот, аналитичарот Исмет Рамадани, на што на крај се вклучи и директорот на телевизија Канал 5 во одбрана на новинарот и телевизијата и побара Рамадани да ја напушти емисијата и да се прекине.
(Видео) Драма во Канал 5: Директорот се вклучи да брка гости, емисијата прекината
Жестока кавга се случи вечерва на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, меѓу новинарот, водител на емисијата, Александар Видиновски и гостинот, аналитичарот Исмет Рамадани, на што на крај се вклучи и директорот на телевизија Канал 5 во одбрана на новинарот и телевизијата и побара Рамадани да ја напушти емисијата и да се прекине.Кавгата почна кога претседателот на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани му укажа на водителот да не биде едностран и да ги истакнува само албанските националнистички изј
Македонија | пред 2 години