Денеска попладне вооружен маж со пиштол ја ограбил Уни банка во Крушево. Грабежот се случил околу 16 часот, откако непознато лице во работничка облека и маскирано, со закана со пиштол одзело пари од вработените во банката.
Полицијата има осомничено едно лице.
Бидејќи увидот е во тек не се знае колку пари се одземени од банката.