Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против П.П.(49) од Охрид. Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Тој, во периодот од 17 до 26.01.2020 , влегол во аптеки лоцирани на булеварот „Туристичка“ и „Сирма Војвода“ како и во една продавница на улица „Ристо Чадо“ и со закани кон вработените, од касата одземал пари. На тој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист.
фото: Архива