„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

Ограда долга скоро 5 километри и висока метар и пол ќе биде поставена околу Дрисла

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Скопје
drisla1

На Депонијата „Дрисла“ денеска почна дооградувањето на уште еден дел кој не е заштитен. На настанот беа присутни првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и Орце Ѓорѓиевски, кој дојде во својство на претседател на ЗЕЛС, а кој инаку е и актуелен градоначалник на Кисела Вода, и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје.

— реклама —

Дооградувањето на Дрисла, како што рече Меџити се прави на барање на жителите на селото Батинце за заштита од кучињата скитници и расфрланите отпадоци.

— реклама —

Оваа депонија со години претставува извор на загадување и здравствени проблеми за граѓаните и била предмет на бројни реакции од жителите на околните населби, особено од Батинце. По неколкуте средби што ги имав со нив, ветив дека ќе преземеме конкретни мерки, и денес работите веќе започна. рече Меџити.

Со средства обезбедени од Министерството за животна средина, во вредност од 9 милиони денари, ќе се изгради ограда долга 4.800 метри и висока 1,5 метри, поставена на 1.500 метални столбови, со двојна бодликава жица и бетонски темели, со што ќе се оневозможи неовластен влез и ќе се намали загадувањето.

— реклама —

Ѓорѓиевски рече дека станува збор за проект на Министерството за животна средина, чија цел е конечно да се стави крај на неконтролираното фрлање отпад.

Веднаш по моето доаѓање на позицијата градоначалник на Скопје, „Дрисла“ ќе стане приоритет. Нашата визија е таа да прерасне во современ центар за рециклажа на отпад, по моделот на Словенија, со селекција, рециклирање и енергетско искористување, во согласност со највисоките еколошки стандарди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

97E3F27E-18A9-4A0C-91C2-D295D436663D

Ангелов: Нов пожар на „Дрисла“, изгаснат за еден час

Скопје | пред 1 месец

Screenshot-2025-09-13-at-10.27.02

Чадењето на Дрисла намалено, останува да се затрупа уште третина од опожарената површина

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-10.27.02

Без соодветен третман на гасот, во Дрисла постои ризик од експлозија?

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-11.09.22

(Видео) И натаму чади од „Дрисла“, зголемуваат број на механизација за да затрупуваат побрзо

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања