ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Ограничен влез-излез за сите патници кои ќе патуваат на ГП „Стење“, ГП „Св Наум“ и ГП „Блато“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
granica-carina

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од пограничните служби на Р.Албанија сме известени дека почнувајќи од 06.00 часот на 13.03.2020 заклучно со 15.03.2020  до 24.00 часот ќе биде ограничен влез излез за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија, кои ќе патуваат на ГП Стење, ГП Св Наум и ГП Блато.

— реклама —

Оваа одлука е донесена за сите лица кои патуваат со превозни средства кои се движат кон и од градовите Тирана, Дурс, Скадар, Елбасан, Леже, Лушне, Фиер и Валона. Исто така, известени сме дека ќе биде дозволен излез на државјани на Р.Албанија кон РСМ во зависност од подрачјето каде живеат и гравитираат кон овие гранични премини.

Странските државјани ќе можат да остварат влез на наведените премини, но нема да можат да се движат кон наведените градови.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања