Промени тема
Контакт

„Ohrid Water Festival“ продолжува со спортски активности, од четврток почнува и музичката програма

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Охрид
media-libraryshik8tkcd3bl6276e0y

Охрид и оваа седмица продолжува да живее во духот на „Ohrid Water Festival“, кој покрај Охридскиот пливачки маратон понуди и низа спортски и рекреативни содржини на вода.

— реклама —

Во изминатите седум дена беа реализирани повеќе настани, меѓу кои и две активности за промоција на рекреативното нуркање кај најмладите. Децата имаа можност одблиску да се запознаат со нуркањето како спорт и рекреативна активност.

Дел од фестивалската програма беа и Четвртиот меѓународен пливачки митинг „ОВФ 2026“, кајак регатата Струга–Охрид, СУП јогата на вода, како и Меч рејс регатата на едрилици, која завршува денес.

— реклама —

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, информира дека фестивалот продолжува и во текот на оваа седмица со нови спортски активности на вода.

— реклама —

Од четврток, 26 август, започнува и музичкиот дел од програмата, а фестивалската атмосфера ќе биде надополнета со концерт на Ѓоко Танески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања