Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Охридски Комуналец“ подигна 36 кубни метри кабаст и зелен отпад поради непочитување на распоредот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

ОО
media-libraryfa0oq034bdat9wZ0D4H

И покрај навременото известување за акцијата за собирање кабаст и зелен отпад во Охрид, дел од граѓаните продолжиле да оставаат отпад и по завршувањето на предвидениот термин, поради што екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ биле дополнително ангажирани на терен.

— реклама —

Акцијата на 16 октомври 2026 година ги опфати урбаните заедници 3 и 4, односно населбите Кошишта, Воска и Даљан. Непочитување на утврдената динамика било забележано на повеќе локации, меѓу кои улиците „Васил Стефоски“, „Ариф Мустафа“, „Шар Планина“, локалитетот Лабино и други делови од Воска и Даљан.

— реклама —
— реклама —

Поради несоодветно оставениот отпад, службите на претпријатието извршиле и вонредно собирање на улиците „7 Ноември“, „Егејска“, „Сирма Војвода“, „Питу Гули“, „Јордан Мијалков“ и „Богомилска“. Притоа биле подигнати вкупно 36 кубни метри кабаст и зелен отпад.

— реклама —

Од ЈП „Охридски Комуналец“ апелираат граѓаните да го почитуваат календарот на акциите за 2026 година и отпадот да го оставаат на достапни локации најдоцна до 7 часот наутро на денот предвиден за собирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Охриѓанец возел мртов пијан и предизвикал сообраќајка, полицијата му го одзеде автомобилот

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 2 седмици

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања