Промени тема
Контакт

„Охридски комуналец“ со апел до граѓаните: Не приближувајте се до ископот кај поранешните подземни контејнери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 часа -

ОО
media-librarygpfh31afti265nPFb3R

ЈП „Охридски комуналец“ ги повика граѓаните да ги почитуваат безбедносните предупредувања и да не се приближуваат до ископот на локацијата каде што претходно беа поставени подземните контејнери.

— реклама —

Од претпријатието информираат дека на ова место е во тек подготовка за изградба на објект „Зелена соба“, во кој ќе бидат поставени контејнери за селекција на отпадот, како и контејнери за комунален отпад.

Во моментов, на локацијата има подлабок ископ во кој е насобрана вода. Просторот е обележан и обезбеден со жолти предупредувачки ленти со натпис „Внимание – градежни работи“.

— реклама —
— реклама —

Од ЈП „Охридски комуналец“ апелираат до граѓаните да не ги преминуваат заштитните ленти и да не се приближуваат до ископот, особено да внимаваат децата да немаат пристап до овој простор.

Изградбата на „Зелената соба“ е дел од заложбите за унапредување на комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за селекција и правилно одлагање на отпадот во Општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye9d0qqtdkbk03Ee2GvW

Пецаков: Да го чуваме споменот на хероите кои се жртвуваа за слободна Македонија

ОО | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryuorm5rg4lhh68fwu8X9

Од понеделник „Безбеден град“ се активира и во Охрид

Македонија | пред 22 часа

media-libraryp57ltpjlvlkh0URe86u

„Охридски комуналец“ со активности за одржување на јавната хигиена на повеќе локации

ОО | пред 3 дена

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања