ОЈО отвори предмет по повикот за масовно одење во верските храмови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
crkva

— реклама —

Основното јавно обвинителство Велес  отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на Митрополитот Агатангел и Повардарската Епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска Задушница, во петок и сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта.

Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, велешкото обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување на податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како  и во поглед на почитувањето на мерките кои се определени од страна на Владата на Република Северна Македонија.​

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања