Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

OJO поднесе обвинение за сторена тешка кражба за 40-годишен скопјанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

kinel-lancinja

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 40-годишен скопјанец за сторено кривично дело – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот во текот на мај и јуни годинава сторил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Сторителот искористил исти прилики и околности и на дрзок начин одземал туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Движејќи се со велосипед, се приближувал до оштетените и на разминување со нив  им ги кинел од вратот златните ланчиња, по што веднаш се оддалечувал во непознат правец.

— реклама —

Со поднесеното обвинение, обвинителството до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор, бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања