„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ОЈО поднесе обвинение за уцена за лицето кое барало 1.500 евра за да не објави фотографии со компромитирачка содржина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
obvinitelstvo1

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетиот 28-годишник, во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација Вибер, побарал од една оштетена да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина. На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со оштетената во кафе бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите обвинетиот бил приведен.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи постојат околности кои упатуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. ​​

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања