„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ОЈО поведе постапка за убиство во Арачиново

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lovecka-puska

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 18 август, во село Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62Х25мм, осомничениот го лишил од живот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, осомничениот седел на совозачкото седиште во автомобил Фолксваген голф 3, управуван од засега непознато лице. Преку отворениот прозорец на автомобилот тој испукал два куршума во правец на сега починатиот Ајвази и го погодил во десната страна на градниот кош, нанесувајќи му тешка телесна повреда – устрелна рана. Куршумот повредил повеќе витални органи. Оштетениот бил хоспитализиран во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција, но на 9 септември починал.

Пред да почине, Ајвази на записник го идентификувал осомничениот како напаѓачот кој пукал кон него, а како причина навел претходна нетрпеливост меѓу нивните семејства.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Притоа, обвинителот особено го ценеше фактот што непосредно по настанот осомничениот веднаш станал недостапен на органите на прогонот, по него била распишана потерница, а кога бил затекнат при претрес на неговиот дом, дал лажни податоци за сопствениот идентитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања