OJO со детали за меѓународна криминална група што продавала хероин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
5

Денеска во раните утрински часови, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи спроведоа координирана акција на 4 локации на подрачјето на Тетово, Гостивар и Куманово. Во акцијата се лишени од слобода три лица и при извршените претреси се пронајдени и одземени поголема количина на наркотична дрога кокаин и марихуана, четири ПМВ од кои две со хрватски национални ознаки, еден четирицикл и еден моторцикл, два пиштоли, поголема количина муниција, електронски уред за мешање на дрога, мобилни телефони, СИМ картички, парични средства во денари и евра, како и повеќе потврди за извршени финансиски трансакции.

— реклама —

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на МВР, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 и кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничените, заедно со лицата кои беа лишени од слобода во Р.Хрватска и против кои е започната истражна постапка од страна на УСКОК – Ријека, создале меѓународна криминална група на која припадници станале и други лица. Секој член на групата имал својата улога во набавка, продажба, складирање, посредување во купопродажба, нудење на продажба, поседување, пренесување и понатамошната продажба на дрогата. Групата неовластено пуштала во промет наркотична дрога – хероин, на илегалниот пазар за дрога во областа на Истра, Загреб и Сплит од месец септември минатата година, а дрогата преку разни канали била пренесувана од нашата држава до територијата на Република Хрватска.

— реклама —

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека се исполнети законските услови до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.

На денешната акција и претходеше акцијата од 23.09.2022 година, а како резултат на повеќемесечна заедничка и паралелна криминалистичка истрага за меѓународно злосторничко здружение што се водеше во координација и соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Уредот за сузбивање на корупција и организиран криминалитет (УСКОК) на Р.Хрватска, со логистичка поддршка на Канцеларијата на ГИЗ. ​Во акцијата на подрачјето на Р.Хрватска учествуваа и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и полициски припадници од Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, притоа беа запленети 3,9 кг наркотична дрога хероин и беа лишени од слобода пет лица меѓу кои и еден македонски државјанин.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања