Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ОЈО Велес ја расчистува сообраќајната несреќа во која загина мотоциклист

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

ojo

Вчера околу 16.40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје на оддалеченост од 6,5 км. по мостот Виничани се случи сообраќајна незгода во која учествувало патничко моторно возило и двајца мотоциклисти. При движење во ист правец на автомобил-комбе Мерцедес Спринтер со швајцарска регистарска ознака управувано од лице на возраст од 74 години и два мотоцикли, во момент едниот мотоцикл со голема брзина го престигнал комбето. Веднаш потоа другиот мотоцикл се удрил во комбето од што возачот паднал на коловозот, бил исфрлен на просторот помеѓу банкините кои го раздвојуваат автопатот и починал на самото место.

— реклама —

Од страна на дежурниот јавен обвинител во содејство со увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Велес извршен е увид на местото на настанот. Притоа се фиксирани пронајдените траги и предмети. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за вонреден технички преглед на возилата кои учествувале во незгодата- комбето и мотоциклот. Издадена е и наредба за проверка на крв и урина кај возачот на комбето и за обдукција на починатото лице, кое било на возраст од 30 години. Во текот на вршењето на увидот земени се првични изјави од возачот на комбето и од мотоциклистот кој бил учесник во сообраќајот истовремено со сега починатиот, а со кој заедно се движеле паралелно со патничкото моторно возило.

Основното јавно обвинителство Велес во континуитет презема и други дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања