Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ОЈО води предистражна постапка за „Дрисла“, Фирмата „Еко клуб“ лани во печката на депонијата Дрисла уништила 4,7 тони медицински отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
drisla

Во моментот во „Дрисла“ се врши внатрешна ревизија.  Извештајот од спроведената контрола на инсталацијата на Дрисла за третман на медицинскиот отпад од фирмата „Еко клуб" се чека. Основното јавно обвинителство Скопје издало наредба за проверка на наводите во пријавата од град Скопје.

— реклама —

Од Јавното обвинителство за МИА велат дека надлежниот јавен обвинител веднаш истиот ден по приемот на кривичната пријава издал наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази за утврдување на фактите и за проверка на наводите во пријавата. По издадената наредба, како што наведуваат оттаму, сè уште се постапува. Со оглед на тоа што предметот се наоѓа во предистражна постапка, ОЈО Скопје во моментов не споделува повеќе детали.

Фирмата „Еко клуб“ лани во печката на депонијата Дрисла уништила 4,7 тони медицински отпад, а само во јануари годинава во Дрисла биле донесени 1,7 тони ваков вид отпад.

— реклама —

Фирмата Еко клуб“ која носела медицински отпад во Дрисла е основана во времето кога премиер бил Владо Бучковски.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања