ОК Карпош на ВМРО-ДПМНЕ се огради од изјавата Сашо Лазаровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
karpos-vmro

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош одржа седница на Општинскиот комитет во проширен состав на која беа присутни и Претседателите на МК, Претседателот на УМС, Претседателката на УЖ, Претседателите на комисиите при ОК Карпош како и членовите на Централниот Комитет кои произлегуваат од ОК Карпош.

— реклама —

Се дискутираше и за иницијативата за вонреден конгрес за која дознавме од медиумите.

Иако на поширокото членство уште пред изборите им е јасно за целите и мотивите на нивните настапи, како промотори на разно разни концепти, а освоија само 200 гласа, денес се претставници и содружници на МК Мериот и хотелската коалиција.

Скришната изјава, без покана за медиумите, на кумот на Нино Тодоров, Сашо Лазаровски говорат за фингирано сценарио за свесно слабеење на ВМРО-ДПМНЕ што единствено е од помош за криминалната и неспособна Влада на СДСМ и Зоран Заев. Нашиот фокус единствено е насочен кон смена на оваа транзициска и истрошена Влада. Во извесна мера ваквите изјави како вчерашната претставуваат помош да се направи катарза и да се одвојат оние кои се уценети од Заев и ние кои работиме за негова смена. Сите почитувачи на нашата цел се добредојдени.

Затоа на седницата се заклучи дека е потребно и официјално, јасно и недвосмислено да се оградиме од нив и нивните барања. Исто така го осудуваме и обидот за правење забуна и измама во јавноста од лица кои се претставуваат како членови, а не се. Речиси сите позади говорникот или никогаш не биле или не се членови откако ВМРО-ДПМНЕ е опозиција.

Треба да им е јасно дека штабовите се полни бидејќи членовите се тука за да ја одржат жива идејата на предците, да ги споделат и надградат своите морални и вредносни критериуми, а не само и само за власт.

Со нив или без нив продолжуваме напред неоптоварени од багажот на минатото!

ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош е со целосна поддршка за Претседателот Христијан Мицкоски, органите на партијата и Статутот на ВМРО-ДПМНЕ.

Да живее идејата и ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее борбата за Македонија! Стои во фејсбук статусот на ОК Карпо на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања