Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид: 23 Октомври - Симбол на идеал, патриотизам и непокор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
23-oktomvri

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

Борбата на македонскиот народ за политичко и национално ослободување има свој историски тек, карактер и датум.

23 Октомври - Симбол на идеал, патриотизам и непокор.

Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев на 23 октомври во 1893 година во Солун ги удриле темелите на Македонската револуционерна организација со главна цел создавање автономна македонска држава во нејзините етногеографски граници.

Дострелот на македонската револуционерна организација е пример за восхит и почит.

— реклама —

Почитта за животите положени за македонскиот идеал за Македонија е наш аманет оставен од предците, идеал кој не смееме да го напуштиме.

Наша обврска е таа борба видоизменета која сè уште трае да продолжи во обновата на нашата Татковина, Република Македонија.

Македонија поминува низ тешки искушенија, порази и очајување и само сплотени продолжуваме напред за да го поразиме најголемото зло и засекогаш да биде фрлено на буништето на историјата.

— реклама —

Нека е вечен и вековит споменот за Македонските револуционери!

Нека е честит и вековит Денот на македонската револуционерна борба!

— реклама —

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања