Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид: Колку е лицемерно тоа што откако се кажа датум за предвремени избори градоначалникот Георгиески се пушти во теренска обиколка низ градот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ok-vmro-dpmne

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески многу ветуваа, но не реализираа ништо за доброто на Охрид и охриѓани. Замислете проектите кои беа ветувани претходно и досега требаше да бидат завршени сега повторно се ветуваат како проекти од круцијално значење за Охрид и охриѓани, се вели во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Колку е лицемерно тоа што откако се кажа датум за предвремени избори градоначалникот Георгиески се пушти во теренска обиколка низ градот, но за жал не на обиколка на дивоградби.

— реклама —

Господине Георгиески проектите досега требаше да бидат завршени и наместо да ја лажете охридската јавност дека предвидено било да започнат пролетта 2020 година требаше да кажете дека вкупно скративте 4.000.000 денари за поплочување и одржување на тротоари и улици со ребалансот на буџетот на општина Охрид.

— реклама —

Охриѓани треба да знаат дека ги скративте средствата за реконструкција на улиците „Македонски просветители“ и „Абас Емин“. Не ги потценувајте жителите на улицата „Абас Емин“ и целата Урбана заедница зато што знаат дека не го решавате нивниот проблем туку непотребно трошите пари на крпење ударни дупки.

— реклама —

Провидни сте и ветувате лажно поради изборите, а реалноста е дека ,,Абас Емин” остана без водоводна мрежа и фекална и атмосферска канализација.

СДСМ и Георгиески не можат со лажни ветувања да го покријат катастрофалниот процент на реализација во делот на комунални услуги и градежно земјиште.

Локалната власт на СДСМ за овие две години е синоним на неработење, лаги и празни ветувања, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања