Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид: Нема ни трага, ни глас од ветените проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
FullSizeRender-05-03-19-12-38

Локалната власт на СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески за цел овој период од без малку година и пол ја карактеризираат безидејност, неработење, неодговорност и негрижа за охриѓани, истакна Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Ни трага ни глас од одржлива мобилност, безбедни улици. Нема ни трага, ни глас од ветените проекти за минатата година, нема ништо од:

— реклама —

- изградба на катни гаражи во централното градско подрачје и изведба на кружен тек на сообраќај кај автобуската станица.

До каде се поведувањето иницијативи за изградба на експресен пат Охрид - „Свети Наум“ и изградба на обиколница Мауцкер-Косел?

— реклама —

Го повикуваме в.д градоначалникот Георгиески да се фотографира со дел од лажните ветувања како што се комплетното инфраструктурно уредување на улица „Абас Емин“ и асфалтирањето на улица „Прва македонска ударна бригада“.

Фотографирањето, не знаеме веќе по кој пат, со истите мали градежни зафати низ градот не е ништо друго туку празен маркетиншки трик пред претстојните локални избори.

Кога веќе градоначалникот Георгиески сака да се слика, доколку нешто сработил, тогаш веднаш нека почне да ги посетува нереализираните капитални проекти од програмата со која ветуваше живот за да ги презентира пред охриѓани.

Само празни ветувања, само лажни зборови!

Ќе дојде денот кога охриѓани повторно ќе имаат можност да гледаат како се реализираат проекти, истакна Божиновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања