Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид: Власта најавува брзи решенија што на долг рок се неодржливи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ok-vmro-dpmne

Власта на СДСМ и министерот Венко Филипче само ветуваа, но ништо не спроведуваа. СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески во здравството само ветуваа, но тоа никако не се исполнува. Васко Паскали да одговори кои квоти ќе се укинат, ако во последниве месеци не може да се најде лек на рецепт до 5-ти во месецот?

Власта најавува брзи решенија што на долг рок се неодржливи, а целта е пред избори да освојат симпатии кај граѓаните, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

— реклама —

Требаше да поминат повеќе од две години за сега да се најави мерката којашто претставува чист популизам, бидејќи знаат дека се приближуваат предвремени избори.

— реклама —

Ги запрашал ли Паскали аптекарите дека идејата за укинувањето на квотите не е добра?

— реклама —

Наместо да им се извинат на граѓаните дека нема доволно лекови, а на докторите затоа што лажно ги обвинија, тие без малку срам излегуваат пред нив.

Пред граѓаните најпрво треба да објаснат каде ги трошат парите од Фондот за здравствено осигурување и за што, а потоа да ветуваат.

Кога веќе решил секратарот на СДСМ Охрид да се слика пред Маларична без медиуми и да кажува ветувања, тогаш треба да знае дека граѓаните од него очекуваа да каже дека Министерството за здравство и општина Охрид изградија Нов современ Здравствен дом на местото на старата локација. Исто така  како што и докторите очекуваа 100 илјади денари плата. Но тоа не е така.

Затоа за СДСМ зборот не е збор и не важи.

Со СДСМ нема задоволни пациенти, нема задоволни граѓани, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања