Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ОК ВМРО ДПМНЕ: Охриѓани имаат право на отчет,имаат право да знаат дека и покрај ветувањата, не се чепнало буквално ништо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_3722-04-09-19-13-13

Локалната власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески до кога ќе нè убедуваат дека „блескаме“ и дали мислат дека охриѓани се заслепени од нивниот блесок та не гледаат што им се случува пред очи?

После најтурбулентното кратење на средствата во буџетот, ни остана да се надеваме дека ќе започнат да се реализираат барем оние малку средства што останаа и дека ќе видиме бар некаков резултат од владеењето на СДС во Охрид. Но, за жал сè си остана само на хартија, оптеретено со најпознатиот владин предзнак ЌЕ, истакна Лидија Петкоска, претседателка на УЖ Охрид и советничка во Советот на општина Охрид.

— реклама —

Охриѓани имаат право на отчет, охриѓани имаат право да знаат дека и покрај ветувањата, цели шест месеци не се чепна буквално ништо во делот:

— реклама —

- Изградба на фекална канализација во населба Рача (краци меѓу регионален пат Охрид – Св.Наум и патека покрај Охридско Езеро)

— реклама —

- Изградба на улична фекална канализација на краци во селата Велгошти и Пештани;

- Изградба на улична фекална канализација и пречистителна станица во село Трпејца;

- Преприклучување на нова фекална канализација на улиците „Абас Емин“ и „Јане Сандански“;

- Улиците „7 Ноември“, „Егејска“, „Васил Главинов“, „Марко Цепенков“, „Момчило Јорданоски“, „Веле Марко“, „Александар Гушо“  и „1 Мај“ ќе причекаат за изградба на атмосферска канализација;

- Не се изработи проектна документација за фекална и атмосферска канализација;

- Не се изврши нивелирање и чистење на канализциона мрежа и шахти и не се променаа капаци.

Почитувани, за крај единствено што ни останува е да апелираме до охриѓани – Бидете без грижа, се’ ЌЕ биде во ред. Затоа што на времето на лажни ветувања и предизборни манипулации му доаѓа крајот, истакна Лидија Петкоска, претседателка на УЖ Охрид и советничка во Советот на општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања