Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ОК ВМРО ДПМНЕ Струга: Ниту едно ветување кое што им го дале функционерите на СДСМ на стружани, досега не го исполниле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

По повод неодамнешната посета на Струга, од страна на актуелните функционери на СДСМ, Дарко Каевски и Сања Лукаревска, и нивните моментални ветувања, како и многубројните досега, би сакале да ги потсетиме дека ниту едно ветување кое што им го дале функционерите на СДСМ на стружани, досега не го исполниле.

— реклама —

За жал, веќе три години граѓаните на Струга добиваа ветувања за реконструкција на затворениот пливачки базен, но сите сме сведоци дека ништо околу тоа не е направено, иако овој проблем претставува рак-рана за стружани, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО - ДПМНЕ, OK- Струга.

Во однос на немилиот настан, неодамнешниот пожар во кој целосно изгоре и беше опустошен едриличарскиот клуб ,,Снегар" од Струга, добро е што актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт даде ветување дека најдоцна до месец дена клубот ќе биде обновен и ќе биде ставен во функција, но повторно би сакале да го потсетиме него, како и сите други функционери од власта дека штом ќе дадеш збор, истиот треба и да го исполниш.

— реклама —

Се надеваме дека овој случај нема да заврши како случајот со затворениот пливачки базен за кој што се ветуваше многу, а работите три години не се мрднати од мртва точка.

— реклама —

Како и во претходната наша реакција за пожарот во едриличарскиот клуб ,,Снегар", така и сега би сакале да го потсетиме министерот Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи да се ангажираат малку посериозно и да се откријат виновниците за овој немил настан затоа што им ветивте на стружани и повторно ништо до овој момент не е направено од Ваша страна.

Впрочем, вие сте тука за граѓаните, а тие досега ништо не виделе од сите ваши ветувања.

— реклама —

Граѓаните од вас очекуваат вистински дела и затоа конечно активирајте се и решете некој вистински проблем, а брусењето на шахтите заменете го со некоја поблагородна дејност, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО - ДПМНЕ, OK- Струга.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања