Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ОК ВМРО ДПМНЕ Струга: Згрозени сме од настанот во СОУ ,,Нико Нестор'' каде физички бил нападнат ученик и професорка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
niko-nestor-struga

На немилите настани во Струга им нема крај!

Потресени сме и згрозени од настанот кој што се случи вчера во СОУ ,,Нико Нестор'' каде физички бил нападнат ученик од трета година и професорка која се обидела да го заштити.

Каде се Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи да го расветлат овој случај?!

Зарем нашите деца се оставени на милост и немилост во училиштата?!

Како може да се дозволи да биде нападнато дете во кругот на училиштето?

Навистина е загрижувачки фактот дека секојдневно сме сведоци на меѓусебни и меѓуетнички тепачки и пресметки на учениците!

— реклама —

Да биде поголема трагедијата, на платен список, имало четворица вработени како обезбедувачи на училиштето, но очигледно се обезбедувачи само на хартија!

Што треба да се случи за да преземете мерки, да згасне некој млад живот во училишна тепачка?!

Да остане некое дете со трајна физичка или психичка последица?!

— реклама —

Па, почитувани господа од власта, ние децата ги пуштаме на училиште за да стекнат знаење и еден ден да станат академски граѓани, а не, да бидат жртви на вашата неспособност за менаџирање со образованието и науката!

Срамно и жално е во 21 век, децата да бидат жртви на една влада, на која не ја интересира просперитетот, образовниот систем и напредокот на нашите деца, за кои патем се чукавте во гради дека ќе вложите во образованието, за децата да ни останат во Република Македонија, а не масовно да се иселуваат!

И не само што не вложивте во образованието, туку немилосрдно ги скративте и финансиите на училиштата и во Струга и ширум Македонија!

— реклама —

Засрамете се, го пробивте и дното!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања