Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ОК ВМРО ДПМНЕ: Во Охрид победи правото и правдата, Охрид ја доби битката на душата и честа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ok-vmro-dpmne

Во Охрид победи правото и правдата. Охрид ја доби битката на душата и честа. Реалноста за охриѓани е дека бараат правда, слобода, стандард, принципи и вредности. Народот јасно и недвосмислено ја делегитимира Власта препознавајќи го нејзиното лошо владеење и погрешни политики, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ, Охрид.

Картата е црвена, а тоа е бојата на победата. ВМРО-ДПМНЕ е коренот на македонскиот граѓанин. Благодарност до сите граѓани коишто не поддржаа, за нивната храброст, честитост, патриотизам, како и макотрпна, чесна и достоинствена работа во изминатиот период додека траеше кампањата, но и претходно.

— реклама —

Честитките до Константин Георгиески ги испраќаме со порака за успешност во работата на Локалната самоуправа реализирајќи ги сите искажани ветувања. Како конструктивна опозиција уште денеска започнуваме со контрола на неговата работа и ветувања кон охриѓани и ќе бидеме гласен коректор на Локалната власт.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ како победник на претседателските избори во Охрид ја зацврствува својата позиција со освоените гласови што претставува предност и опомена за предвремени парламентарни избори.

И покрај заканите, уцените и притисоците Ви благодариме за безрезервната поддршка и не застануваме туку продолжуваме помотивирани, посплотени и поединствени кон целосна победа во Охрид и преземање на власта.

— реклама —

Достоинствено продолжуваме со крената глава кон освојување нови победи.

— реклама —

Борбата за Македонија продолжува, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ, Охрид.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања