Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Околу 1000 охриѓанчиња ќе бидат дел од годинашната Бадникова поворка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
Badnikova_Litija-060123001

Околу 1000 охриѓанчиња ќе бидат дел од годинашната Бадникова поворка што по традиција ќе се одржи на Бадник оваа сабота, ден пред големиот христијански празник Божиќ.

— реклама —

Пеејќи ја возобновената христијанска песна Вечниот Бог, со ѕвезди во рака коледарчињата ќе го најават Христовото раѓање. Поворката тргнува утрото во 10:30ч. од црквата Св. Георги – Горна Влашка Мала и ќе се движи по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија. Во 11:30ч на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ кај бадниковата пештера коледарчињата ќе ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков, заедно со советниците од Советот на Општина Охрид, директорите на охридските јавни претпријатија и останати функционери кои ќе ги даруваат со пригодни подароци.

— реклама —

Предводници на поворката ќе бидат Ѓоко Танески и Христијан Настоски- Пајак.

— реклама —

Бадниковата поворка во Охрид која се одржува 11 година по ред е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е поддржана од локалната самоуправа.

— реклама —

БАДНИКОВА ПОВОРКА ВО ОХРИД - Ohrid.gov.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања