„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Околу 80 проценти од жените жртви во Македонија се убиени од интимните партнери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Приватно иста како што ја гледате службено. Посветено и неуморно работи за сето она што верува дека е правилно и се труди да ги инспирира сите да го дадат најдоброто од себе во секое поле од живеењето. Ова е Мила Царовска министерката за труд и социјала. За24 инфо вели дека слободното време го поминува со најблиските, а ја релаксира кога знае дека успешно го завршила денот.

— реклама —

Со реформите кои ги спроведува Министертсвото за труд и социјала се зголемува бројот на лицата со социјална заштита. Ова значи дека и децата на вработени кои земаат минималец ќе може да земаат детски додаток. Во бројки ова значи дека бројот на деца кои ќе примаат детски додаток од 3.200 корисници ќе порасне на 73.500. Дополнително се воведува ново право – додаток за образование, наменето за деца во основно и средно училиште и од семејства со ниски примања и за деца на корисници на гарантирана минимална помош. Со ова, борјот на деца кој ќе примаат образовен додаток ќе порасне од 3.800 на 64.316.

– Со реформите во социјалната заштита, воведуваме гарантирана минимална помош и „семеен пакет на права“ во износи значително поголеми од досегашната парична поддршка на социјално загрозените лица и го отвораме системот на социјални надоместоци и за лицата со ниски примања, што не беше случајот досега. Меѓутоа, со социјалната реформа не само што зголемуваме социјалниот надоместок за 300%, туку истовремено вложуваме во преквалификација на лицата кои се невработени, за да може да се активираат на пазарот на трудот. Единствен излез од сиромаштијата е вработувањето. На овој начин всушност им помагаме да се доквалификуваат, да се вработат, да можат да се грижат за себеси, за своето семејство и активно да придонесуваат за ова општество- вели Царовска.

— реклама —

Откако е на чело на МТСП посветува многу внимание и на детската заштита. Со процесот на деинституционализација децата ги вади од големите безлични инстуции и ги сместува не само во згрижувачки семејства, туку и во мали групни домови.

–Работиме навистина посветено на ова поле, за да овозможиме дом за секое дете. Особено ми е драго што можам да потврдам дека овој процесот на тече одлично и до крајот на 2018 година вискои 60% од децата ќе бидат извадени од институциите. Така, ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми „25-ти мај“ е целосно трансформиран. Сите деца од овој дом веќе живеат во мали групни домови. Лично сметам дека овие институции се најлошото нешто што може да му се случи на едно дете. Таму место посветеност и грижа тие добиваат занемарување, кое понатаму придонесува кон немили случки како оние кои ги имавме досега.  Посветено работиме ниту едно дете под 18 години до 2020 година да не биде сместено во големит институции, што е амбициозно, но остварливо. Преку проектот „На секое дете му треба семејство“, организиравме обуки и доделивме сертификати на згрижувачите. Целта на проектот беше зголемување на информираноста и зајакнување на свеста на граѓаните за потребата од згрижување на децата кои останале без родители и родителска грижа. Како резулат на кампањата 295 граѓани пројавија интерес за згрижување до крајот на август оваа година. Вкупно 37 од нив ја завршија обуката- вели Царовска.

За насилството врз жените вели дека статистиките покажуваат дека повеќе од 80 % од жените жртви во Македонија се убиени од интимните партнери или машки членови на семејството.За неа  тоа е доволен сигнал да го вклучиме алармот дека мора да воспоставиме механизам за навремено препознавање на ризикот. Царовска вели дека треба да бидеме свесни дека секој од нас може да спречи насилство врз жената, и да создадеме услови истото да се пријавува.

Повеќе на линкот

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања