Промени тема
Контакт

Олгица Наумовска нов претседател на Холандско-македонската стопанска комора

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
olgica

Олгица Наумовска е избрана за нов претседател на Холандско-македонската стопанска комора, а за член на Управниот одбор е именуван Дејан Иваноски.

-Целта ми е заедно да привлечаме уште повеќе холандски компании, рече Наумовска по вчерашното Собрание.

— реклама —

Комората, како што соопшти, има вкупно 54 членови од кои 59 отсто се холандски компании

— реклама —

со свои подружници во земјава.

Според извршниот директор, Боб Смит, последниве неколку години повеќе ИКТ и аутсорсинг холандски фирми почнаа да работат во Северна Македонија.

— реклама —

Олгица Наумовска (44) е директор на холандската ИТ компанија „ХСО Глобал Сервисис“ во Скопје, додека Дејан Иваноски (38) е директор на холандската ИТ компанија „Симфони Солутионс“ во Скопје.

— реклама —

За десетгодишната поддршка за основање и развој на Комората, претходниот претседател, холанѓанецот Вим Вестен од фирмата „Вимафасхион“ во Кочани, доби награда.

извор МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања