Промени тема
Контакт

ОМ: И Македонија е Европа! Честитки и само успеси!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
om-eu-2020

Обединети за Македонија го поздравува почетокот на преговорите со ЕУ.

Започнуваме преговори со наднационалната и меѓувладина Унија, најголемата организација на независни држави во светот - Европската Унија, се вели во соопштението од Обединети за Македонија.

— реклама —

Тоа беше и е програмска определба од која ОМ не отстапува и е причина за изборното коалицирање.

— реклама —

Тоа е одлична вест за остварување на модерниот сон на македонскиот народ за Европа без граници.

Започнуваме преговори со организација која нуди мир и безбедност, обединет и слободен пазар, модерни стандарди, почитување на човековите права.

— реклама —

Го отпочнуваме патот за поцрвста и рамноправна конекција со нашите соседи, со нашиот континент, затоа што и Македонија е Европа.

Честитки и да се редат успеси, се вели во соопштението од Обединети за Македонија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања