Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ОМ: Не ја злоупотребувајте моменталната ситуација за ситни политички поени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
OM-EU

Во овие моменти за добивање преговори со Европската Унија, Обединети за Македонија ги повикува сите политички партии и организации да не ја злоупотребуваат моменталната ситуација за политички поени. Јасно е кажано од денешната прес-конференција на Советот на Европа дека Македонија ги исполни сите услови за почнување на преговорите со Европската Унија. Пречка се внатрешните несогласувања меѓу земјите-членки за кои сме сигурни дека во Мај наредната година ќе се надминат, се вели во соопштението од Обединети за Македонија.

— реклама —

Влезот на Македонија во Унијата е за доброто на сите граѓани на македонската држава. Тоа е надпартиско и сите сме одговорни за иднината на оваа држава.

— реклама —
— реклама —

Затоа ги повикуваме сите партии: Ако сте искрени и се борите за подобра иднина на македонската држава, не ја злоупотребувајте моменталната ситуација за ситни политички поени.

— реклама —

Вистинскиот патриотизам се гледа на дело. За резултатот во иднина одговорни сме сите. Затоа, сите заедно и сложно да работиме за подобра иднина на нашата татковина, се вели во соопштението од Обединети за Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања