Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ОМД бара Ескобар да се залага за правата на Македонците во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Обединетата Македонска Дијаспора, водечката организација на Македонците надвор од Македонија, испрати писмо до Американскиот заменик-помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар и побара тој да се залага за правата на македонците во Бугарија и да ја посети Софија веднаш по посетата во Скопје.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Повторните еднострани притисоци и уцени кон Македонија не создаваат клима за добрососедски односи во регионот.

— реклама —

За потсетување, Бугарија има 14 пресуди од Европскиот Суд за Човекови Права за дискриминација на македонското малцинство во Бугарија. Следствено, ОМД бара реципроцитет: доколку САД и ЕУ бараат уставни промени од Македонија тогаш е сосема логично и Бугарија да го признае македонското малцинство. Хипокритично е да се бара заштита на правата на малцинствата кај членка кандидат, а да се занемаруваат правата на малцинствата во полноправна членка како што е Бугарија“, се наведува во соопштението на ОМД.

— реклама —

„Бугарија треба Македонците да ги стави во својот Устав.

Исто така, по контроверзната посетата на Косовскиот премиер Курти во Македонија, ОМД испрати уште една комуникација до господинот Ескобар и побара да даде изјава дека САД не поддржува иридентистички идеи и промена на границите во Балканот.

Во тој допис ОМД ја искористи можноста да го потсети Ескобар дека македонците не се „северномакедонци” и дека Македонците не се само „православен народ” како што Ескобар не има наречено во интервјуа во минатото. Македонскиот народ е разнолик, со луѓе од различни вероисповеди, иако мнозинството се православни.

САД е иницијатор и потписник на декларацијата на човекови права на Обединетите Нации која полни 75 години во декември. САД има должност да го брани и правото на самоопределување и човековите права на македонскиот народ, како што тоа веќе го прави многу погласно за некој од другите народи во регионот“, се додава во соопштението на ОМД.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања