Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОН: Саудискиот принц вмешан во смртта на Кашоги?!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
kasogi

Новинарот од Саудиска Арабија, Џамал Кашоги, бил жртва на „намерна, претходно испланирана егзекуција“, се наведува во првата независна истрага спроведена од Обеднинетите нации (ОН) околку неговата смрт, јавува Си-ен-ен.

— реклама —

Во долгоочекуваниот извештај, вонсудската истражувачка за егзекуции Агнес Каламард рече дека според меѓународното право, Саудиска Арабија е одговорна за убиството на новинарот Кашоги.

Истакнатиот новинар и колумнист на “Washington Post” бил убиен откако влегол во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година. Саудијците на почетокот тврделе дека Кашоги излегол од конзулатот и бил убиен во инцидент со непријателски саудиски агенти, но на крајот саудискиот јавен обвинител признал дека убиството на новинарот било испланирано.

— реклама —

Меѓутоа, специјалната истражувачка не изнела други заклучоци за вината на контроверзниот саудиски принц Мохадем бин Салман. Но, Каламард тврди дека постојат “уверливи докази кои бараат понатамошна истрага од страна на меродавната власт” за тоа “дали е преминат прагот на казнена одговорност”.

Саудиска Арабија продолжува да инсистира на тоа дека ниту принцот Мохамед бин Салман ниту кралот Салман не знаеле ништо за планираното убиство на Кашоги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања