Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ОН започна вакцинација против детска парализа во Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Обединетите нации, во соработка со палестинските здравствени власти, денеска почнаа да вакцинираат 640.000 деца во Појасот Газа, при што Израел и Хамас се согласија на кратка пауза во борбите во нивната 11-месечна војна за да се овозможи спроведување на кампањата.

Светската здравствена организација (СЗО) минатиот месец потврди дека едно бебе било делумно парализирано од вирусот, што е прв таков случај во крајбрежната енклава во последните 25 години.

— реклама —

Кампањата започна денеска во централните делови на Газа, а ќе продолжи и во други области во наредните денови. Борбите ќе престанат најмалку осум часа три дена по ред.

СЗО соопшти дека паузите веројатно ќе треба да се продолжат на четврти ден и дека првата фаза од вакцинацијата ќе трае нешто помалку од две недели.

— реклама —

На крајот од првиот ден од кампањата, Министерството за здравство во Газа соопшти дека најмалку 72.611 деца биле вакцинирани.

Децата и членовите на нивните семејства ја преплавија клиниката на ОН во градот Деир Ал-Балах во централна Газа, каде околу милион луѓе побараа засолниште, според палестинските власти.

Претставниците на СЗО велат дека најмалку 90 отсто од децата треба да се вакцинираат двапати, со четири недели помеѓу вакцинирањето, за да успее кампањата, но тие се соочуваат со големи предизвици во Газа разурната од војна.

Израелските сили продолжија да се судираат со милитантите предводени од Хамас во неколку области низ палестинската енклава. Жителите велат дека израелските војници дигнале во воздух неколку куќи во Рафа, во близина на границата со Египет, и дека тенковите продолжиле да дејствуваат во Зејтун, северно предградие на градот Газа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања