Промени тема
Контакт

Онкологија се извини за одложената терапија Phesgo поради проблеми со испораката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 58 минути -

Македонија
2_99

ЈЗУ Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија им се извини на пациентките кои денеска требаше да ја примат терапијата Phesgo, но се соочија со одложување поради ненавремена испорака на лекот.

— реклама —

Од Клиниката посочуваат дека одложувањето е последица на проблеми во дистрибуцијата и испораката, кои се надвор од нивната директна контрола. Притоа, изразија жалење за загриженоста, неизвесноста и непријатностите со кои се соочиле пациентките.

— реклама —
— реклама —

„Свесни сме колку е важна навремената и континуирана терапија и искрено жалиме за загриженоста, неизвесноста и непријатностите што ги предизвика оваа ситуација“, наведуваат од Клиниката.

Оттаму уверуваат дека преземаат сè што е во нивна надлежност за лекот да биде обезбеден, а пациентките да ја примат терапијата во најкус можен рок. Воедно, им се заблагодарија за трпението, разбирањето и довербата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања