Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ОО СДСМ Кочани: ДПМНЕ во Кочани врши невиден терор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
press-goce-serafimov

Деновиве сме сведоци на невиден терор што го врши ДПМНЕ во Кочани. Вчера, член на Советот на Општина Кочани и почесен претседател на оваа партија , физички нападна директор на образовна институција. Друг советник од истата партија, му упатуваше погрдни зборови, се закануваше и го омаловажуваше во салата на Советот, истакна Гоце Серафимов, претседател на ОО СДСМ Кочани.

Неодамна пак, актуелниот претседател на кочанското ДПМНЕ насилно влезе и во партиските простории на СДСМ – Кочани и незаконски снимаше наши активисти и симпатизери.

— реклама —

До кога овие офајдени партиски ликови ќе го тероризираат овој град и демократијата? Одовде сакаме да им порачаме дека физичките и вербалните напади не можат да го скријат криминалот и злоупотребите што ги вршеа повеќе од десет години. Така не ќе можат да  го скријат нивното расипничко однесување во сите сфери,  посебно во образованието, од каде црпеа енормни суми за лични и партиски профитирања.

— реклама —

Бараме институциите да постапат согласно законските  рамки и да нè  заштитат  од  насилството. До нив  ќе се  поднесат сите докази за претходните случувања.

— реклама —

Бараме јавно извинување од  претседателот на ОК ДПМНЕ за неадекватно однесување кон наши функционери и оградување од насилниците  и криминалците од своите редови.

Ние како партија веруваме во институциите  и ќе оставиме  тие да го решат овој проблем. Заедно со  секој слободен и чесен човек  ќе градиме  едно општество за сите, без фаворизирање на едни или други, а против криминалот и сите криминални структури, истакна Гоце Серафимов, претседател на ОО СДСМ Кочани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања