Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ООУ „Св. Климент Охридски“ од Кисела Вода доби награда за најубаво уреден двор на институција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
FB_IMG_1562687780376

ООУ „Св. Климент Охридски“ од село Драчево продолжува да освојува награди. Училиштето во надлежност на Општина Кисела Вода на јавниот конкурс на Град Скопје, за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување, колективно домување и институција), најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта, ја освои наградата за најубаво уреден двор на институција. Градот на ООУ „Св. Климент Охридски“ му додели парична награда во висина од 40.000 денари.

— реклама —

— реклама —

Градот Скопје со цел да ја подигне јавната свест за значењето и потребата од чиста и здрава животна средина, во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта - денови на екологијата“ традиционално го објавува јавниот оглас.

Неодамна, на конкурсот „Предизвик за млади истражувачи 2“, ООУ„Св. Климент Охридски“ од Фондот за иновации и технолошки развој доби награда, финансирање на проект за „Квалитетот на воздухот во училницата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања