Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ООУ„Св. Климент Охридски“ од Кисела Вода доби награда од Фондот за иновации и технолошки развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
62528306_330400324555822_8978577184658554880_n

На конкурсот „Предизвик за млади истражувачи 2“, ООУ„Св. Климент Охридски“ од село Драчево, од Фондот за иновации и технолошки развој доби награда, финансирање на проект за „Квалитетот на воздухот во училницата“ . Училиштето наградата ја доби во конкуренција од 88 пријавени/проекти.

— реклама —

Училишен тим составен од учениците и наставничките: Петар Велковски, Ема Трајчевска, Марија Панева, Матеа Крстевска, Максим Тасев, Андреј Николоски, Марко Маринковски, Биљана Илиева, наставник по биологија и Билјана Петрушевска, одделенски наставник истражувањето финансирано од ФИТР ќе го започне во октомври оваа година и ќе го спроведува до април, 2020 година. Учениците ќе истражуваат колку е загаден воздухот во училниците и во училишниот двор.

— реклама —

Тие ќе конструираат и четири мали градини со собни растенија кои ќе го прочистуваат воздухот во училница. На крајот од проектот резултатите ќе ги презентираат пред јавноста.

— реклама —

Предизвикот на ФИТР кој во соработка со Министерството за образование и наука се реализира, има за цел да ги потикне младите критички и креативно да размислуваат, а воедно и да стимулира иновативни идеи и акции во процесот на образование во основните и средните училишта.

— реклама —

Во градскиот парк, во Скопје вчера се одржа финалниот настан на кој беа прогласени и наградени најдобрите проекти од основните и средните училишта. На настанот присуствуваа заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања