Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Опасност од мост надвозник кај Визбегово, Ангелов бара надлежните дареагираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
FB_IMG_1675941427193

Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изврши лично обиколка на мостот во Визбегово, Скопско, по повторно јавување на граѓани на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК. Утврди дополнителна опасност од коцките камен што од гумите на тешките камиони и возила се вадат и се истуркуваат од патот и од мост се до рабовите на мостот, од каде што по нивно паѓање се сериозна закана по животот на граѓаните што возат или поминуваат под мостот.

— реклама —

Едноставно кажано, безбедноста на граѓаните е секогаш на прво место. Како што често вели Ангелов, во негов стил: „Сејфти фрст!“

— реклама —

Инаку, да потсетиме дека на 12 ноември лани директорот на ЦУК, Стојнче Ангелов директно од мозтот ги повика јавно надлежните да преземат мерки за отстранување на опасноста од големите парчиња бетон што висеа над коловозот и за нестабилноста на мостот надвозник кај Визбегово, Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него.

— реклама —

Разграничувањето на надлежностите на Град Скопје и Општина Бутел се преклопуваат и можеби не беа јасни до крај, но Град Скопје преку ЈП „Улица и патишта“, сепак постави заштитна ограда, за еден ден по јавниот аларм на ЦУК што во интерес на безбедноста на граѓаните директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов јавно ја актуелизираше, после повеќето пратени документи и укажувања за истото.

Потоа, на 15 ноември Центарот за управување со кризи упати благодарност до Град Скопје за брзата реакција и отстранување на потенцијалната опасност по граѓаните од парчињата бетонски плочи што висеа од мостот надвозник кај Визбегово, но сега се појавува опасност од коцките камен што опасно се вадат од патот и мост па се тркалат до рабовите на мостот.

Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции, но и медиумите и граѓаните да се актуелизира отстранувањето на опасноста од мостот, во насока, институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112.

Благодарност до медиумите за редовното и објективно информирање.

Благодарност до граѓаните за пријавите.

Едноставно кажано, безбедноста на граѓаните е секогаш на прво место. Како што често вели Ангелов, во негов стил: „Сејфти фрст!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања