Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Опожарено возило на јавен обвинител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar-kola

Вчера  околу 19.00 часот, со експлозивна направа е предизвикан пожар во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево. Експлозијата оштетила патничко моторно возило „Сеат леон“  кое било паркирано во просторијата и е во сопственост на јавниот обвинител. Пред повеќе од еден месец,  гумите на истото возило беа со нож исечени од непознато лице.

— реклама —
— реклама —

Основното јавно обвинителство Кичево со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот. Издадени се наредби за подигање примероци од експлозивната материја која е предадена на вештачење. Обвинителството  врши проверка и на видео записите од  камери поставени на околните објекти. Се преземаат дејствија во континуитет за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.

— реклама —
— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања