„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Опозицијата во Венецуела тврди дека има закана за воено преземање на парламентот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
05-venecuela

Венецуелскиот пратеник на опозицијата, Хенри Рамос Алуп, изјави во средата дека парламентот на земјата, Националното собрание предводено од опозицијата, е под закана од вооружено преземање од владините сили на Венецуела, пренесува „Спутник“.

— реклама —

,,Не дај Боже, тие [владата на Венецуела] да дадат наредба вечерва за воено преземање на парламентот ... Ние сме подготвени ", напиша Алуп на Твитер.

Тој тврди дека во минатото, вооружените сили на Венецуела повеќепати ја нападнале територијата на законодавната власт пукајќи, па дури и сериозно повредувајќи неколку пратеници".

— реклама —

Во Венецуела избувна политичка криза на крајот од јануари откако претседателот на Националното собрание, Хуан Гуаидо, се самопрогласи за привремен претседател, оспорувајќи го реизборот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро минатата година. Лидерот на опозицијата беше речиси веднаш признат од САД и неколку други земји.

Во понеделникот, голем број земји-членки на ЕУ го признаа Гуаидо за привремен лидер на Венецуела откако Мадуро не успеа да организира нови претседателски избори во земјата во рокот од осум дена поставен од ЕУ. Од земјите на ЕУ се очекуваше да го признаат Гуаидо во заедничката изјава, но, според дипломатски извор во Брисел, Италија стави вето на ова барање.

Русија и Кина, како и неколку други земји, одбија да го поддржат Гуаидо, поддржувајќи го Мадуро како легитимен претседател на земјата и барајќи од другите земји да го почитуваат принципот на немешање во внатрешните работи на Венецуела.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања