Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Општа болница Охрид: Нема лекарска грешка, ретката болест „лупус“ е причината за влошување на состојбата кај 29-годишната родилка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ginekologija

Ретката болест „лупус“ е причината за влошување на состојбата кај 29-годишната родилка од Охрид која почина од сепса на скопските Клиники 10 дена по породувањето на охридското гинеколошко одделение.

Охридската болница по низата критики упатени кон нив, денеска се обрати преку соопштение. Во него се вели:

— реклама —

„На ден 11.06.2019 год. во 04:00 на ГАО-Охрид примена е пациентка првородтка во термин за породување. Пациентка на 29 год. возраст со хронична системска болест LUPUS и од детска возраст со имуносупресивна терапија. Направен е итен царски рез, добиен жив женски плод 2130/46 во добра состојба. Оперативен и ран постоперативен тек уреден. Петтиот постоперативен ден поради влошување на општата состојба на пациентката и поради очекувани компликации од основната болест конзилијарно е одлучено пациентката да се препрати во терциерна установа GAK-Скопје за понатамошен третман. Во тек на престојот на GAO-Охрид земен е брис од рана од родилката и истиот е стерилен (резултат добиен од Центар за јавно здравје Охрид). Следниот ден на GAK е направена (мултидисциплинарна) ревизија и е констатирано дека е исклучена гинеколошка компликација“, се вели во соопштението од Општата болница од Охрид.

— реклама —

Еден ден откако пациентката била примена на Гинекологија во Скопје, стручниот колегиум на болницата врз основа на конзилијарно мислење на тројца гинеколози, абдоминалец и пластичен хирург одлучи таа да биде поставена на машина за дишење.

— реклама —

Инаку бебето е во добра здравствена состојба. Тоа  денеска ќе биде предадено на семејството.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања