Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Општина Аеродром: Детската улица „Тоше Проески“ останува непроменета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
59730703_821394864910090_5082445714315804672_n

Општина Аеродром ја известува јавноста дека се апсолутно невистинити информациите што се шират деновиве на дел од социјалните мрежи за наводно вцртување згради во зеленилото во деталниот урбанистички план за Ново Лисиче.Најостро го осудуваме обидот да се дискредитира локалната власт и апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажните вести и некои петиции што неосновано се покренуваат.

— реклама —

Во планотза Ново Лисиче ЈИ02 што е посочен во лажните вести е вцртаноД1, односно парковско зеленило и не постојат ниту се предвидени згради на таа локација.

Очигледно, станува збор за ширење дезинформации што може да ги доведатграѓаните во заблуда.

— реклама —

Општина Аеродром работи транспарентно и новите детални урбанистички планови ги изработува спореднајвисоки стандарди и во консултација со граѓаните.

Затоа, ги посочуваме граѓаните и самите изворно да гипровератинформациите задеталните урбанистички плановина официјалната општинска интернет-страница, каде штојасно може да се види дека детската улица „Тоше Проески“ останува непроменета.

Имено, на општинската интернет-страница www.aerodrom.gov.mk треба да се кликне на банерот за ГИС (Географски информациски систем на Општина Аеродром за граѓани). Кога ќе се отвори ГИС-от, треба да се кликне на третото копче лоцирано на горниот лев агол. Потоа се штиклираат полињата „ДУП“ и „Синтезен“ при што се отвора детален преглед на сите ДУП-ови за целата територија на Општина Аеродром.

Напоменуваме дека ГИС-от е најмеродавен извор на ажурирани информации за деталните урбанистички планови на глобално ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања