Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Општина Аеродром донесе мерки за штедење струја: уличното осветлување ќе биде редуцирано

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
aerodrom-andonovski

Во насока на заштеда на електрична енергија, а следејќи ги препораките, стручниот тим од Општина Аеродром кој работи на надминување на кризата со електрична енергија, од 1 септември носи пакет на мерки за штедење на електрична енергија.

— реклама —

„Се работи за мерки со кои се очекува драстично намалување на потрошувачката на електрична енергија, со што значително ќе се придонесе кон полесно надминување на енергетската криза во Македонија и сериозниот удар кој таа го нанесе врз општинскиот буџет, и тоа:

— реклама —

Престанок со работата на сите фонтани и исклучување на внатрешното и надворешно осветлување;

— реклама —

Осветлувањето во парковите на територија на опшина Аеродром, ќе работат редуцирано, односно ќе светат преку една сијалица, а целосно ќе се гасат во 01.00 часот по полноќ;

Уличното осветлување на сервисните улици со кое стопанисува општина Аеродром, ќе биде редуцирано, односно ќе свети преку една сијалица и ќе се гаси 2 часа порано, од вообичаеното;

Рефлекторите на спортските игралишта престануваат со работа од 1 октомври.

Општина Аеродром со овие мерки става крај на неразумното трошење на електричната енергија и почнуваме со рационално управување на средствата.

Истовремено ги информираме граѓаните дека и во услови на енергетска криза не престануваме со работа, туку интензивно ќе работиме на подобрување на условите за живот и работа за секој еден граѓанин и ќе ги реализираме ветените проекти“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања